Руралните општини воопшто не се грижат за своето најголемо богатство: ЗДРАВА И ЧИСТА ЖИВОТНА СРЕДИНА

Иако нашата земја има плодна почва, шуми, убава и чиста природна средина, малите, така да ги наречеме рурални општини и локални власти воопшто не се грижат да го зачуваат своето најголемо богатство, а тоа е ЧИСТА, ЗДРАВА ЖИВОТНА СРЕДИНА во која би се одгледувала здрава природна храна, нешто што ако вака се продолжи со негрижата за околината, ќе биде вистинска реткост.

До нас дојде информација и видео од Босилово, каде соседите на фабриката се жалат на големата бучава и загадувањето со пилевина/ситна прашина.

и видео со звук како тоа се слуша во внатрешноста на станбен објект.

ОПШТИНА БОСИЛОВО има одобрено ФАБРИКА ПИЛАНА ВИСТОНИ ЖП во склоп на НАСЕЛЕНОТО МЕСТО, иако има опфат предвиден за индустриска зона, и секако тоа е добро и за развој на општината, и за вработување на население и за мали приливи во буџетот на општината, НО, дали е размислено и земено во предвид за ИМИЏОТ НА ЗДРАВА ПРИРОДНА СРЕДИНА?! Дали согласно закон и правила за градење, е направена анкета и побарано согласност од соседите? Дали се води грижа како таа фабрика работи, односно и да ги има сите дозволи, дали ги почитува правилата? машини со огромна бука под отворен трем?
За други теми кои нас не ни сметаат како звукот и прашината коментираме!
Пренесуваме снимка од соседните куќи, до кои фабриката е залепена на меѓи, иако незнаеме по кој законски нормативи индустриски објект од тој ранг се става во населено место, на 1 метар од меѓи на 50 до 100 метри под прозорите на околните жители. Ајде нека било и така, но таканаречената ФАБРИКА нема никаква заштита од ПИЛЕВИНА, ситна прашина и уште помалку звучна заштита и претставува ПСИХОЛОШКИ ТЕРОР на околните жители, а со негрижата за околината ја загадува, нанесува последици на здравјето и ја намалува вредноста на сите околни имоти и производите кои на околните полиња ќе се произведат.

Ова е тема на која руралните средини треба да имаат слух, бидејки после уништување на средината нема назад!

Можеби ве интересира?close