Пријавување за NIKE лига во трчање

NRC – NIKE + RUN CLUB (Nike школа за трчање) организира лига во трчање која се состои од 16 трки на 5км. Трката се одржува 2 пати месечно. Првиот дел е од февруари до јуни,а вториот од октомври до декември. Може да учествува секој што сака да трча. Трката се организира со цел да се промовира трчањето,здравиот активен начин на живот и да се поттикне себенадминувањето.

Старт и цел е на патеката на кејот на реката Вардар – Кај Жабарот,веднаш до скејт паркот.
Се трча по асфалтираната патека до мостот кај Александар Палас и назад (точно 5км.). Пријавување и подигнување на бројчињата e во 8ч. а старт е во 8ч. 30мин. Стартнина не се наплаќа и секој учествува на сопствена одговорност.Контакт: Кокан Ајановски 078 402 665 и 070 782 665. https://www.facebook.com/nikerunclub/

Категорија: мажи и жени. Апсолутна категорија и над 45 години. Поени добиваат првите 20 натпреварувач(к)и. Поените се добиваат на овој начин:
25 22 20 18 16 15 14 13 12 11 10 9 8 7 6 5 4 3 2 1 Се собираат поените од секоја трка,со исклучок на една во прв дел и една од втор дел. Нема негативни поени. За да се учествува во лигата мора да се учествува на било која од првите 4 трки. Победници се оние со најмногу поени.

Категорија: мешани парови. Еден тим сочинуваат едно машко и едно женско, без разлика на возраста. Поединечниот нивни севкупен пласман од секоја трка се собира и така се врши рангирањето. Победник е оној тим кој има најмногу поени. Нема негативни поени. За да се бодува, мора мешаниот пар да трча на трката.

Прогласување на победници во прв дел од сезоната, во втор дел од сезоната и вкупни победници.

Голем дел од тимот на NRC – NIKE + RUN CLUB школа за трчање користи GARMIN часовници за тренинг, натпреварување и анализа на постигнатите резултати.