Повик до аптеки во селски подрачјa за склучување на договор со ФЗОМ во 2013 година

ФЗОМ упатува повик до аптеки во селски подрачја засклучување на договор за 2013 година соаптеките кои добиле решение дека се во мрежа од Министерство за здравство. Вкупно 25 аптеки за прв пат ќесклучат договор со ФЗОМ (списокот на аптеки во прилог). Согласно член 9 од Законот за здравственото осигурување, основнитездравствени услуги за своите осигурени лица, Фондот ги обезбедува во здравственитеустанови утврдени со мрежата на здравствени установи, во која се вршиздравствената дејност согласно со прописите од областа на здравственатазаштита.

За извршените здравствени услуги, Фондот како купувач на здравствени услугисклучува и раскинува договори со здравствените установи.Здравствената установа – аптека која откакодобила решение за вршење на дејност во мрежата на здравствениустанови од страна на Министерството за здравство, може да достави барање дасклучи договор со Фондот и за тоа, епотребно да поднесе барање за склучување на договор за 2013 годинадо Фондот за здравствено осигурување на Македонија.

Заинтересираните здравствени установи –аптеки кон барањето треба да ги приложат следните документи:

I. Податоци за здравственатаустановa

1.  Копија од решение завршење дејност во мрежата за промет на лекови на мало – ПЗУ аптека

(со сите пормени), издадено од Министерството за здравство;

2. Тековна состојба на правното лице од Централен регистар на РМ,не постара од 30 дена, со задолжителна пререгистрација во ПЗУ
II. Податоци за вработени во здравствената установа – аптека

1. Список на сите вработени во здравствената установа, заверено одздравствената установа со печат и потпис;

2. Копија од уверение за положен стручен испит за фармацевтскитехничар;

3.Копија од важечка лиценца за работа од Фармацевтска комора зафармацевтот
Образецот на барање за склучувањена договор со Фондот, здравствената установа (апетка) може да се најде на веб страната наФондот (www.fzo.org.mk), во делот за даватели на здравствени услуги.

Фондот ја продолжува својата посветеност во обезбедувањена што поквалитетни здравствени услуги за осигурениците у унапредување насоработката со сите чинители во здравствениот систем.

Превземено од: ФЗОМ