БОСИЛЕК (OCIMUM BASILICUM)

Босилекот е наше Bosilekнародно цвеќе. Претставува едногодишна зелјеста билка со потекло од Индија. Стеблото е високо до 50 cm, гранките се поставени попречно и вертикално, гранките се поставени попречно и вертикално.

Листовите се со дршки, издолжени на работ со запчиња. Цветовите се бели, со кратки дршки во група од 6 до 10 и формираат долги метлести цветови со кои завршуваат гранчињата.

Цвета од мај до август.

Кај нас се одгледува многу одамна како украсна, зачинска и лековита билка, а се употребува и при религиозните одредби.

Целата билка има пријатен мирис, особено листовите. Вкусот е горчлив и ароматично лут. Содржи етерично масло, танин, сапонини и горчливи материи.

Во етеричното масло има естрагол или метилкавикол, линалол, цинеол и други антисептични состојки кои служат како конзерванс бидејќи го спречуваат развојот на многу голем број микроорганизми и ги уништуваат.

Босилекот во народната медицина се употребува како средство за смирување на нервниот систем, против тегоби во органите за варење, како зачин и како чај.

Се употребува и против цревни паразити, за обилно излачување, за подобрување на апетитот, за зголемување на млечноста кај мајките, против воспаление на бубрезите и за нормализирање на менструацијата.

Во медицината босилекот се користи за плакнење на грлото, за облоги, против болки во желудникот, против повраќање, чир на желудникот, главоболка и ревматизам. Тој ја подобрува циркулацијата на крвта, ја подобрува работата на системот за варење.

Етеричното масло од босилекот има антибактериско дејство, против болки, ја релаксира мазната мускулатура на желудникот и матката. Етеричното масло од босилекот со успех се користи при нервна исцрпеност, претеран замор, несоници, мигрена, губење на чувството за мирис, поради течењето на слуз од носот, при артритис и забоболка. Тоа е ефикасно при воспаление на карлицата и на мочниот меур. Помага против кашлица.

Забелешка: Етеричното масло од босилекот не се препорачува за време на бременоста.