Кашичка со цвекло и јаболко

Храната е многу важна за растот, здравјето и имунитетот на нашите дечиња.
Денеска предлагаме кашичка со цвекло, кое дава многу придобивки за добра крвна слика и јаболка, која е едно од најкорисните овошја во исхраната.

Приготвување:

  • земете околу 50 грама цвекло, измијте го, насецкајте на тенки кругови
  • ставете го цвеклото да се вари на тивок оган, се додек ане омекне
  • при крајот на варењето на цвеклото  додајте 2 лажички палента
  • јаболкото насецкајте го и ставете го во блендер
  • откако ќе се свари цвекло / палента мешавината размешајте ја со блендер со јаболкото

На здравје и големо да расте 🙂